Војниците кои биле на должност на Светскиот економски форум во Давос вратени се дома поради употреба на канабис и кокаин, соопшти денеска швајцарската војска.
Воената полиција повикана е да испита една единица по сомневањата дека користеле дрога, соопшти портпаролот на војската.
Тестовите покажале дека кај 12 војници најдено е присуство на канабис, додека кај петорица имало траги на кокаин.
Против нивќе бидат преземени соодветни мерки.
На Форумот во Давос биле распоредени 4.500 војници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.