| четврток, 6 декември 2018 |

Дуке Бојаџиев и пријателите со концерт на 20 февруари во „Мертополис“ арената

Дуке Бојаџиев и пријателите, по повод на концертот кој ќе се одржи на  20 февруари во арената „Метрополис“. За нивниот изглед ќе се погрижи дизајнерката Тања Кокев.

-Особено се радувам што конечно го запознав Дуке, музичар кој го ценам одамна и се надевам дека ќе придонесам да се чувствува пријатно и „во своја кожа“ на сцена. Неговата музика е комплексна, има традиција во основата, но значителна модерна надоградба, па тоа беше присутно и во основата на мојата креација за него. Се работи за човек кој во себе носи и лежерност на уметник, а појавност на ѕвезда, па тоа ми беше во позадина цело време. За неговите „пријатели“, пак, исто така беше предизвик да се осмисли костимографијата, бидејќи се работи за јаки личности со сопствен уметнички израз, но кои овој пат приѓаќаат на уникатен спој на музичари. Се обидов да го следам стилот на секој од нив, комбинирајќи го со своето лично видување и со идејата за овој музички настан. Се надевам дека направив приказна подеднакво уникатна како и музиката на која ќе и служи, вели Кокев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top