Младиот бек Филип Кузмановски (19) заедно со Дејан Манасков беше една од ретките светли точки во македонската репрезентација. Кузмановски дебитантскиот гол на првенствата го постигна против велесилата Франција. Тоа беше проектил од 10 метри, кој ни Омејер не го виде.
– Можеби играв добро, но тоа е најмалку важно кога ќе се доживее убедлив пораз. Мечот го загубивме уште на почетокот. Пренногу грешевме а Хрватите знаеја како да го казнат тоа. Разочарани сме, но верувам дека во следните денови ќе се одмориме и ќе одиграме подобро со Норвешка – рече Кузмановски за „МТВ“, кој постигна четири гола од седум обиди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.