Поранешниот директор на словенчкиот трговски ланец со техничка стока Бин Кордеж е осуден во окружниот суд во Љубљана на повторениот судски процес на седум и пол години затвор што е највисока изречена казна во Словенија во областа на стопанскиот криминал.
Кордеж, кому во казната ќе му бидат пресметани 13 месеци кои ги минал во истражниот затвор ја призна вината за повеќе случаи на злоупотреба на положбата и фалсификување на деловната документација во замена за можност за издржување на казната во отворениот затворски оддел.
Своевремено Кодреж беше прогласен за најдобар директор во Словенија бидејќи ланецот „Меркур“ во времето кога тој го водел доживувал експанзија и годишен раст од преку 20 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ретроградниот Меркур почнува денеска: Овие работи никако не смеете да ги правите!
-
Ви се расипуваат апарати, не ви оди со партнерот, ви откажуваат резервации – за се е виновен ретроградниот Меркур!
-
Следува вистински пекол: Еве како да ја преживеете катастрофата!
-
Ги плаши сите: Ретроградниот Меркур е полош од петок 13, а еве кога да го очекуваме оваа година!