Итно морате во тоалет, но чекате да дојде последниот миг само да ја напишете пораката, да ја соберете уште оваа играчка, да ја згреете храната…. Колку е штетно да се задржува урината? Како сето тоа се одразува на вашиот организам?
Во суштина, тоа не е опасно, доколку сето тоа не го правите пречесто. Возрасна личност може да задржи половина литар течност, додека не дојде моментот кога навистина мора да оди во тоалет.
Сепак, ако постојано ја задржувате урината, може да дојде токму до состојба што се нарекува уринарно задржување кога не сте во состојба целосно да ја испразните бешиката. Тогаш се ослабени ѕидовите на бешиката, што може да биде повик за бројни бактерии. Така доаѓа и до чести воспаленија или уринарни инфекции.
Во ретки случаи, бешиката може и да пукне. Меѓутоа тогаш таа е веќе значително оштетена.
„Сци шоу“ направи интересно и едукативно видео.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)