| четврток, 6 декември 2018 |

Мирослав Илиќ: Каква ДНК-анализа, сакате да ве отерам во ку…

miroslav ilic

Мирослав Илиќ јасно ставил до знаење дека нема да се согласи на ДНК-анализа за да се дознае дали тој му е татко на Девин, човекот за кој екс љубовницата на пејачот тврди дека му е син.

Луѓе, нормални ли сте, на ум не ми паѓа да правам тест. Навистина сакате да ве отерам во ку**ц затоа што се јавувате за да ме прашувате глупости. За се е виновна Лепа Брена, таа им е главен спонзор, рекол пејачот за српските медиуми.

Вонбрачниот син заедно со мајка му ќе престојува во Белград десетина дена и се надева дека ќе успее да се види со својот татко.

Одлично знае дека сме во Белград и дека сакаме да се видиме со него. Ништо не сакаме со сила, ако не сака, тоа е негова одлука. Искрено не го сфаќам, како некој да му направил трансплантација на мозокот. Тоа не е човекот кој го запознав и засакав, рекла екс љубовницата Мирјана и додала дека нивниот син е многу разочаран од однесувањето на Илиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top