Иако официјално сѐ уште се држи во тајност содржината на предметите што биле затекнати за време на комисиското отворање на личниот сеф на Јосип Броз Тито, кој беше отворен комисиски минатата недела по 30 години, српски „Данас“ објави што сѐ имало во 14-те вреќи што се чувале во Народната банка на Југославија.
Како што пишува „Данас“, во сефот имало повеќе од 29 килограми злато во прав или прачки, 2.663 златници, 149 предмети од злато украсени со дијаманти и брилијанти, што биле во сопственост на семејството Караѓорѓевиќ, 1.271 монета со нумизматичка вредност, 18 сребрени сервиси, 25 предмети од злато и дијаманти што биле запленети или набавени со државни средства, 26 илјади американски долари, 36 илјади германски марки, дански круни, одликувања од српската династија, медаљони и други лични предмети со помала вредност… Засега нема точна процена колкава вредност имаат најдените предмети. Во сефот, исто така, биле најдени 26.219 американски долари, 36.000 германски марки, 2.200 дански круни во кеш.
Потеклото на златото не било познато, но најверојатно било наменето за лични потреби на Тито и на неговото семејство во случај на непредвидливи состојби.
На списокот во 1982 година биле евидентирани и златни одликувања, спомен- плакети, штафетни палки и слични предмети, но тие не биле најдени во сефот на Народнаа банка, наведува весникот „Данас“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.