-Нашата најголема обврска е да продолжиме да работиме за граѓаните и ние ќе го искористиме секој миг да работиме за оваа цел. Ние сме луѓе со образ и она што го ветуваме го исполнуваме. Работиме на ветеното, а токму тоа ги води граѓаните до подобро утре. Нашата работа наметна нови стандарди, но и ги зголеми очекувањата на граѓаните. Во земјава влегоа нови инвестиции кои отворија нови работни места и нова надеж за младите. А токму младите се фокусот на нашето работење- истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски пред членовите на УМС на ВМРО ДПМНЕ.
Како што рече младите се иднината на Македонија и нејзината сила, па затоа и продолжува вложувањето во иднината на младите.
-Најголемата надеж лежи во младите. Тие се потребни на секоја нација. Тие ги носат промените. Токму затоа во фокус на новата програма се младите- додаде Груевски.
Груевски посочи дека само во последниот месец биле реализирани 4 крупни проекти за младите и тоа: Купи куќа за млади со кој директно им се помага на илјадници млади луѓе, бесплатен превоз за сите редовни студенти во градскиот превоз, „средношколска среда“ и патување до три светски дестинации за студентите со просек 9,5.
Груевски рече дека младите се силата и енергијата на нашата држава. Тој најави дека во периодот што следува тимови од партијата ќе посетат 15 општини ширум државата и на сите млади овие проекти ќе им бидат образложувани поединечно.
Груевски посочи дека Македонија мора да оди напред.
-Времето не застанува. Македонија има иднина, а граѓаните го имаат последниот збор-заклучи Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)