Селекторот на српската ракометна репрезентација, Дејан Периќ, им честиташе на нашите репрезентативци за пласманот во следната фаза од Европското првенство во Полска.
Македонија денеска одигра реми против Србија, што за нас значеше пласман во следната фаза, додека за нашиот противник тоа значеше крај на ова ЕП.
-Честитки на селекцијата на Македонија на еден квалитетен натпревар, верувам дека ќе бидат уште подобри во втората фаза. Искрено, од срце им посакувам на Македонците многу успех на овој европски шампионат, мислам дека тоа ќе го остварат со квалитетот што го поседуваат. Исто така, сакам да им честитам на моите играчи не само на овој меч, туку за сето време минато заедно. Иако се најдовме во најтешката група, не баравме изговори, игравме со најдобрите селекции и го дадовме максимумот. Денешниот меч го реши една одбрана и една одбиена топка, но тоа е спортот, но мене ми е мило што две селекции од поранешна Југославија водеа битка до самиот крај, водејќи спортска војна буквално до последната секунда. Во спортот постои начин и како се победува и како се губи. Мојата екипа имаа огромна желба на секој натпревар и можам само да им честитам на моите ракометари на една врвна спортска атмосфера, квалитетот на игра и моралот и од се срце сум горд на една група составена од млади и постари играчи- изјави Периќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.