Македонскиот репрезентативец, Стојанче Стоилов одигра добар натпревар, особено во последните минути кога постигна значајни голови. Ако после натпреварот со Полска беше разочаран, овојпат се гледаше задоволството по остварениот пласман во следната рунда.
„Ова дефинитивно беше тежок натпревар, Србите се млад и цврст состав кои сакаат да се надигруваат, да се докажат. Тежок натпревар, го остваривме она по што дојдовме – се пласиравме во вториот круг. Сакам да играме попаметно понатаму, тие зицери да ги реализираме, со тоа и ќе ги решаваме натпреварите нешто порано. За разлика од претходните натпревари, овојпат добро ја извежбавме и ја одработевме последната акција. Одигравме како што планиравме, топката да заврши на крило кај Манасков, а тој реализираше“ – изјави Стоилов веднаш по мечот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.