| четврток, 6 декември 2018 |

Закани за бомби ги затвори училиштата во Њу Џерси (видео)

zakana bimbaДевет средни училишта во американската сојузна држава Њу Џерси се евакуирани или затворени по заканувачките повици и дојави за поставени бомби, како и за масовни убиства.

Непознат маж во телефонски повик рекол дека во училиштата поставил бомби.

Училиштата се наоѓаат во окрузите Берџен и Пасаик.

„Во овој момент ништо не укажува на веродостојност на заканата“, се вели во соопштението од полицијата.
Како што се додава. преземени се сите мерки за претпазливост за да се осигура безбедност на целиот школски округ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top