| четврток, 6 декември 2018 |

По нападите Ајфеловата кула е помалку посетена

Во 2015 година Ајфеловата кула ја посетија околу 7 милиони лица, поточно 6,91 милиони, од кои 80% се странци, но сепак посетеноста на најпознатиот споменик во Париз е за 2,5% помала во споредба со 2014 година кога старата „железна дама“ ја посетија 7,1 милиони лица, јавува дописникот на МИА од Париз.

ajfelova-kula-645x360

Бројките беа соопштени од претпријатието задолжено за управување со Ајфеловата кула (СЕТЕ).

„Пред трагичните настани кои ја погодија престолнината во ноември 2015, посетеноста беше во пораст од 1%“ – се вели во соопштението за јавноста.

Според дирекцијата, посетеноста петнаесетина дена по атентатите се намали на 10.000-15.000 дневно, наместо вообичаените 15.000-20.000. Притоа споменикот беше затворен два дена за гости. За време на божиќните празници посетеноста достигна 22.000 дневно.

Најбројни гости од странство се Американците, потоа Канаѓаните, следени од Британците, Шпанците и Италијанците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top