| четврток, 6 декември 2018 |

Спасовски и Ременски не потпишаа заклетви за министри во преодната влада, се чека одлука на ЦО на СДСМ

Во Собранието на изборот на преодната влада не беа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ниту министерката за труд и социјала, Фросина Ременски, кои беа дел од Договорот во Пржино.

Поради тоа тие не ја потпишаа свечената заклетва, и останува нејасно што ќе се случи со нивните мандати.

Пратеникот Антонио Милошоски потенцираше дека доколку Спасовски и Ременски не се појават да ја потпишат заклетвата, тогаш Димитриев покрај премиер ќе биде и министер за внатрешни работи и за труд и социјала.

За ова преку соопштение се огласи СДСМ.

„Во врска со учеството на министрите и замениците министри на опозицијата во Владата констатирано е дека таа одлука е донесена од централните органи и тела на партиите од здружената опозиција.

Централните органи и тела на партиите од здружената опозиција штом ќе донесат одлука за учеството во Владата, ќе и биде соопштена на јавноста“, стои во соопштението на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top