Во Собранието на изборот на преодната влада не беа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ниту министерката за труд и социјала, Фросина Ременски, кои беа дел од Договорот во Пржино.
Поради тоа тие не ја потпишаа свечената заклетва, и останува нејасно што ќе се случи со нивните мандати.
Пратеникот Антонио Милошоски потенцираше дека доколку Спасовски и Ременски не се појават да ја потпишат заклетвата, тогаш Димитриев покрај премиер ќе биде и министер за внатрешни работи и за труд и социјала.
За ова преку соопштение се огласи СДСМ.
„Во врска со учеството на министрите и замениците министри на опозицијата во Владата констатирано е дека таа одлука е донесена од централните органи и тела на партиите од здружената опозиција.
Централните органи и тела на партиите од здружената опозиција штом ќе донесат одлука за учеството во Владата, ќе и биде соопштена на јавноста“, стои во соопштението на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Захариева-Ременски: Бугарија и Македонија се искрени пријатели
-
ССМ до Ременски: Не ќе можете да избегате од правдата и од вистината
-
Последен работен ден за Спасовски и Ременски – Владата се чисти од пржинските чиновници
-
Ременски со фалсификувани документи сакала да го смени лидерот на ССМ – заработи кривична пријава


