| четврток, 6 декември 2018 |

Последен работен ден за Спасовски и Ременски – Владата се чисти од пржинските чиновници

Денешниот ден е последен работен во министерствата за министрите на СДСМ кои таму дојдоа по Договорот од Пржино. Оливер Спасовски и Фросина Ременски можат да почнат да си ги пакуваат личните работи од канцелариите во МВР и Министерството за труд, бидејќи нивниот мандат завршува на денот кога ДИК до Собранието и официјално ќе го достави Извештајот за резултатите од изборите. Заедно со нив во пакет си заминуваат и замениците во финансии, Кире Наумов, во земјоделие Љупчо Николовски и во информатичко општество Александар Кирацовски.

agim-nuhiu
До изборот на нова влада нов министер во МВР ќе биде 39-годишниот Агим Нухиу од Тетово, а  функцијата во Министерството за труд и социјална политика ќе ја врши Ибрахим Ибрахими.

ibrahim-ibrahimi
Заедно со Оливер Спасовски заминуваат и сите началниците на секторите за внатрешни работи, меѓу кои и кумановскиот, во чиј дом по налог на Јавното обвинителство се вршеше претрес под сомнение за учество во изборни нерегуларности. Покрај овие началници си заминуваат и сите функционери во полицијата поставени од Спасовски кои имаат решенија кои важат до завршувањето на изборите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top