| четврток, 6 декември 2018 |

Не заборавајте ја денеска живата вода од Бога-За што служи боговајленската вода

вода
Богојавление е христијански празник кој го слави откривањето на божјиот син во Исус Христос. Во народот овој ден уште се нарекува Водици и на овој ден се осветува вода за која се верува дека е лековита и чудотворна и се нарекува богојавленска вода.

Се смета за света, посебна и лековита. Оваа вода никогаш не се расипува. Нејзината особина е со години да остане свежа, вкусна, осветена и лековита.

Одамна се чува обичајот водата што денеска ќе се земе од црква да се чува во посебен сад цела година, бидејќи помага за сите болести кога малите деца имаат ноќни стравови и кога на човек ќе му се слоши и кога храната не му годи, кога човек не знае да реши некоја работа и воопшто многу прилики во животот и тешкотии кога богојавленската водичка се користи со верба и навистина користи.

Оваа вода се пие само кога сте болни. Здравите може да ја пијат само ако претходно постат.

Доколку целата количина на богојавленската вода не се искористи побожно во текот на годината, тогаш остатокот кога ќе стигне новата богојавленска вода, се сипува во бунар, река или цвеќе, во секоја случај таму каде што нема да биде изложена на газење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top