| четврток, 6 декември 2018 |

Димитриев: Да дејствуваме во најдобар интерес на нашите граѓани

sobir miting vmroРепублика Македонија се наоѓа во значаен историски момент, клучен за нашиот понатамошен развој и напредок, и за иднината на сите граѓани. Момент кој што претставува голем предизвик, но и момент кој истовремено како резултат на нашите одлуки може да биде претворен во наша предност како држава и како нација, посочи премиерот за организирање на изборите Емил Димитриев.

-Да дадеме нов ветар во грбот на македонските европски и евроатланстки интеграции, покажувајќи пред сите, дека ние Македонците, албанците турците, ромите, србите, власите, бошњаците имаме капацитет, знаење, потенцијал, вештини, сила, мудрост да ги решеваме предизвиците, дека не само што имаме државотворен капацитет туку имаме и знаење тој капацитет постојано и постојано да го покажуваме и надградуваме со нови вредности. Да покажеме дека Македонија, не само географски, туку и цивилизациски и култоролошки припаѓа и и е потребна на Европа. Тоа ќе зависи од сите нас, од пратениците, членовите на владата, политичките партии, граѓанското општетсво, медиумите, сите општетствени чинители, и пред се ќе зависи од нашата посветеност, чувство за историскиот миг и одлуките кои се потребни да се донесат од нашиот одговорен пристап и од нашите заложби секогаш и секаде, без исклучок да дејствуваме во најдобар интерес на нашите граѓани. Јас верувам дека ние тоа го можеме. Јас верувам дека ние знаеме и како, и зошто дејствуваме, а одговорот е еден, заради Македонија, бидејќи Македонија е нашата татковина, и сега ние треба да возвратиме на најдобар можен начин- посочи Димитриев пред пратениците во Парламентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top