| четврток, 6 декември 2018 |

Димитриев: Граѓаните се тие кои одлучуваат, а ние ќе продолжиме да работиме за нив, за Македонија и за заедничкатa иднина

Nov premier Emil Dimitriev nova vlada tehnicka (2) (Large)Имаме историска одговорност сите ние да се вклучиме во еден нов почеток, во еден нов циклус кој ќе изобилува со позитиван енергија и пристап. Граѓаните од нас очекуваат одлуки и обезбедување на нивната иднина, , и наша обврска е тоа да им го овозможиме, рече техничкиот премиер Емил Димитриев во своето обраќање.

-Врвно демократско право е народот на избори да одлучи на кого ќе му ја даде довербата. Граѓаните се тие кои одлучуваат, а ние треба и ќе продолжиме да работиме за нив, за нашата земја Македонија и за нашата заедничка иднина. Ние ја имаме одговорноста пред граѓаните, и во вакви сложени времиња, не отстапуваме,  продолжуваме одговорно, достоинствено, со чесна намера, и во интерес на граѓаните и на Република Македонија.  Верувам дека сите заедно ќе бидеме дел од успешна Македонија- рече Димитриев.

Позицијата премиер на преодната влада, нагласи Димитриев, ќе ја извршувам одговорно и чесно, а изборите кои ќе ги организира оваа влада ќе бидат фер и демократски, и граѓаните ќе одлучат на нив врз основа на програмите кои партиите ќе ги понудат, на кредибилитетот на кадрите и на верувањата и вредностите, на која партија и на кој кандидат за премиер ќе му го дадат мандатот да управува со земјата по 24 април 2016 година.

-Со Божја помош и благослов, да живее Република Македонија- заврши Димитриев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top