На седницата на Извршниот одбор на СДСМ донесена е едногласна одлука дека за СДСМ не се прифатливи избори без слободни медиуми и без прочистен Избирачки список. На такви избори СДСМ нема да учествува, соопштуваат од партијата.
-Непрочистениот Избирачки список и медиумскиот мрак фамилијата би сакала да го користи за спас на сопствената кожа. Затоа Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не ги исполнија клучните обврски од Договорот од Пржино. Согласно Договорот од Пржино регулацијата на медиумите требаше да заврши на крајот на август 2015 година. Дополнително, изборот на ДИК власта во заминување го кочеше цели 5 месеци за да не се прочисти Избирачкиот список- велат од СДСМ.
Од партијата соопштуваат дека ќе продолжат да се борат за создавање на фер и демократски услови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.