| четврток, 6 декември 2018 |

Лекови ќе се продаваат во такси: „Зегин“ ќе продава од своите аптеки во новата такси служба

Благој Механџиски, основачот на најголемиот ланец аптеки „Зегин“, влегува во нов бизнис. Пред неколку дена тој ја основал фирмата „Зегин такси фарм“, во кој тој се јавува како единствен сопственик и управител, пишува магазинот „Капитал“.

Новата фирма е рагистрирана како такси служба. Неофицијално, „Зегин“ планира да продава лекови од своите аптеки преку новата сопствена такси служба.

Благој Механџиски пред околу две години ја основаше и „Зегин хелти фуд“, преку која се продава здрава и органска храна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top