Благој Механџиски, основачот на најголемиот ланец аптеки „Зегин“, влегува во нов бизнис. Пред неколку дена тој ја основал фирмата „Зегин такси фарм“, во кој тој се јавува како единствен сопственик и управител, пишува магазинот „Капитал“.
Новата фирма е рагистрирана како такси служба. Неофицијално, „Зегин“ планира да продава лекови од своите аптеки преку новата сопствена такси служба.
Благој Механџиски пред околу две години ја основаше и „Зегин хелти фуд“, преку која се продава здрава и органска храна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.