| четврток, 6 декември 2018 |

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Избори на 24 април

Vmro Miting Zaedno sme posilni 18 05 15 (25) (Custom)

Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ донел едногласна одлука изборите да се одржат на 24 април, согласно договорот од Пржино. ВМРО-ДПМНЕ во 14 часот и 30 минути закажа средба со коалиционите партнери од коалицијата „За Подобра Македонија“.

Претходно, владејачката партија излезе со соопштение во кое се вели дека партијата во целост ја прифаќа методологијата на ДИК за прочистување на Избирачкиот список.

-ДИК има законска надлежност, капацитет и целосна поддршка од државните институции да го прочисти Избирачкиот список и да ги превземе сите неопходни активности за спроведување на фер и демократски избори. ВМРО-ДПМНЕ ја охрабрува ДИК да работи согласно законот и да вложи максимални напори за исолнување на обврските за кои има доволно време, и сите институции да ги исполнат обврските за слободни, фер и демократски избори и градење на демократска атмосфера, стоеше во соопштението.

Во петокот на средбата со еврокомесарот Јоханес Хан ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА беа за избори во април. СДСМ беше единствената партија која бараше одлагање на изборите. Откако тоа не беше прифатено лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги напушти преговорите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top