Синот на познатиот музичар Ѓорге Балашевиќ е целосна спротивност од татко му кога е во прашање музиката, но кога станува збор за жените може да се рече дека повлекол малку од шармерските гени на татко му.
Алекса Балашевиќ (21), синот на популарниот кантавтор Ѓоре Балашевиќ и Оља Балашевиќ во 2012 година стана репрезентативец на Србија во борење, откако на турнирот „Трофеј на Белград“ ја освои сребрената медала. Меѓутоа, по тоа, името на Алекса не се спомнуваше во медиумите во тој контекст.
Имено тој пред две години ја започнал врската со манекенката Софија Гашиќ со која љубовта цути , особено на социјалните мрежи. Додека Софија него му честиташе роденден со реченица:„Среќен роденден на моето прво и последно момче, маж и љубовник“. Алекса пак беше далеку поексплицитен и на нејзиниот 21 роденден точно на полноќ со трубачи се појави пред нејзината куќа и нарачал „Ѓурѓевдан“ и „Марш на Дрина“.
Алекса би можел целосно да ја демантира изреката дека „круша под круша паѓа“, барем кога е музичката во прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Го застрелал својот син стар шест месеци: Мотивот за убиството ќе ве шокира!
-
Северина ја загуби битката за синот: Александар ќе живее со Милан
-
Син на политичар се врзал со лисици за девојката и скокнал од покрив на зграда – трагедија ја постресе Русија