| четврток, 6 декември 2018 |

Лажна дојава за бомба во ноќен клуб во Куманово

policija noke

Непознато лице ноќеска, 20 минути по полноќ телефонски се јавило во Полициската станица Куманово и пријавило дека во ноќниот клуб „Револушн“ има поставено експлозивна направа.

 Како што информира денеска МВР, стручните лица од Одделот за антитероризам при МВР на РМ извршиле увид на местото и констатирано е дека во објектите нема поставено експлозивна направа и оти се работи за лажно пријавување.

На терен интервенирале полициските службеници од СВР Куманово, а сите лица биле евакуирани поради безбедносни причини.

СВР Куманово работи на целосно расчистување и документирање на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top