Непознато лице ноќеска, 20 минути по полноќ телефонски се јавило во Полициската станица Куманово и пријавило дека во ноќниот клуб „Револушн“ има поставено експлозивна направа.
На терен интервенирале полициските службеници од СВР Куманово, а сите лица биле евакуирани поради безбедносни причини.
СВР Куманово работи на целосно расчистување и документирање на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.