| четврток, 6 декември 2018 |

Дејвид Боуви доби свое соѕвездие

DEJVID

Неодамна починатиот британски музичар Дејвид Боуви доби свое соѕвездие, кое е замислено како негов симболичен дом по смртта.

Иницијаторите на ваквата идеја, белгиското радио Студио Брисел и опсерваторијата МИРА, соопштија дека биле поттикнати од фактот дека „Универзумот претставувал голема инспирација“ за Боуви.

Според нив, доказ за тоа се и неговите неколку хитови „поврзани со Вселената“ – „Starman“, „Space Oddity“, „Life on Mars?“ и „”Hallo Spaceboy“.

– Не беше лесно да се одбере соодветно соѕвездие. Поврзувајќи ги со албумите на Боуви, одбравме седум ѕвезди, меѓу кои и Сигма Либре, Спика, Зета Кантаур, САА 204 132 и Бета Сигма Октантис Триангули Аустралис во близината на Марс. Ова соѕвездие формира идентична копија со молњата која се појавува на кориците на албумот на Боуви, „Aladdin Sane“ и е забележано точно во времето на неговата смрт, изјави Филип Молет од опсерваторијата МИРА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top