| четврток, 6 декември 2018 |

СНС и Александар Вучиќ одлучуваат за предвремени избори во Србија

akt167-vucic-1

Главниот одбор на Српска напредна партија (СНС) на премиерот Александар Вучиќ денеска ќе одржи седница на која ќе се расправа за можноста за одржување предвремени парламентарни избори во Србија, јави Танјуг.

Според партиски извори, Вучиќ ќе побара од Главниот одбор да му овозможи да свика предвремени парламентарни избори и пред одржувањето на Конгресот на партијата, закажан за 13 февруари.

Ова е втор пат во последниве неколку месеци партијата на Вучиќ да најави можност за одржување предвремни избори, на кои се очекува убедлива победа на нејзината коалиција.

Последните најавите за можни предвремени парламентарни избори во Србија доајдоа откако српското државно раководство беше исвиркано минатиот викенд на отворањето на Европското ватерполо првенство во Белград, по што Вучиќ во вторникот најави дека планира да разговара со своите советници за можноста за распишување предвремени избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top