| четврток, 6 декември 2018 |

Принцот Чарлс во март ќе го посети Косово

Британскиот престолонаследник, принцот Чарлс во март ќе престојува во Косово, во рамките на неговата мини балканска туреја, јавија косовските медиуми.

princ carls

Како што пренесе дописникот на МИА, посетата на принцот Чарлс и неговата сопруга Камила на Косово, ја потврдил и косовскиот амбасадор во Лондон, Лирим Греичевци.

Ова ќе биде втора посета на принцот Чарлс,на Косово, по онаа во 1999 година.

Инаку, во рамките на балканката турнеја, која ќе трае десетина дена Чарлс и Камила ќе ги посетат и Хрватска, Србија и Црна Гора.

Датумот на почеток на турнејата и која од овие четири земји ќе биде прва нивна дестинација не се соопштени.

Принцот Чарлс последен пат во регионов престојуваше во 2007 година, кога со Камила беа во посета на Босна и Херцеговина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top