| четврток, 6 декември 2018 |

Хан: ОБСЕ и ОДИХР сметаат дека е возможно спроведување на фер и демократски избори

BAT_3566

Јоханес Хан синоќа истакна дека лично од Претседателот на ДИК добил уверување дека може да се прочисти избирачкиот список и дека тоа нема да биде пречка за одржувањето на изборите.

Такво убедување добил и од ОДИХР и од ОБСЕ.

-Во четвртокот има контакт со директорот на ОДИХР, господин Линк и со генералниот секретар на ОБСЕ. И двајцата ми потврдија дека доколку сите во државата се посветени ќе биде возможно да се спроведат фер, транспарентни и демократски избори, според нашите европски и меѓународни стандарди. На секој начин на кој европските институции, ОБСЕ, ОДИХР, Европската комисија… можат да помогнат да се направи, тие ќе бидат таму и јас повторно ќе дојдам. Но сега останува политичките партии да донесат одлуки. Јас само можам да поттикнам сите да партиципираат на изборите, рече Хан.

СДСМ е единствената партија која ги напушти преговорите барајќи изборите да бидат одложени, додека ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА стојат зад договореното, односно изборите да се одржат на 24-ти април.

– Договорот важи. Уште еднаш ќе повторам, а ова беше и пораката која ја упатив до сите клучни играчи: Очекувам сите партии да останат посветени на договорот од Пржино, рече синоќа Хан.

И премиерот Никола Груевски по синоќешните преговори посочи дека Хан јасно кажал дека претседателот на ДИК го известил дека не постојат никакви пречки за одржување на изборите на 24-ти април 2016.

-Комесарот Хан нѐ извести дека ОБСЕ го известиле дека не постојат пречки за одржување на изборите на 24-ти април. Покрај тоа, комесарот Хан ни кажа дека и ОДИХР исто така го информирале дека нема пречки и дека има време сѐ да се подготви за изборите да се одржат на 24-ти април. Само еден човек се обидува да ја продолжи кризата во Република Македонија и да ја продлабочи, затоа што со неговото однесување, не само што не може да се реши, туку може да се продлабочи кризата, рече Груевски.

Неделник Република

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top