| четврток, 6 декември 2018 |

Жерновски: Одлуката на Управниот суд е срамна

–          Ова е срамота! И во првиот и во вториот круг победивме според волјата на граѓаните на Центар, но власта се обидува преку судот да ја поништи волјата на граѓаните, со единствена цел да не се открие криминалот што е направен во општина Центар со проектот „Скопје 2014“. Ако некој мисли дека јас и граѓаните на Центар ќе кренеме бело знаме и ќе се откажеме, тогаш се лаже. Ако сака нека има и втор и трет круг, нека има колку што сака кругови, победата пак ќе биде потврдена.

Вака реагираше кандидатот за градоначалник на Сојузот за иднината, Андреј Жерновски, по одлуката на Управниот суд за прегласување на неколку избирачки места на вториот круг во оваа скопска општина.

Тој попладнево ја прогласи оваа одлука за срамна и најави дека ќе извојува поубедлива победа на повторениот втор круг од локалните избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top