Градењето на мостот Око во центарот на Скопје ќе резултира во неколку кривични пријави против луѓе на одговорни функции. Меѓу нив, извори кои инсистираат на анонимност, за „Макфакс“ тврдат дека ќе биде и поранешен градоначалник на Општина Центар.
Истрага за сомнителното градење на мостот, од носењето на одлуките за негова изградба па сè до пуштањето во употреба спроведуваат Министерството за внатрешни работи, Основно јавно обвинителство, Специјалното јавно обвинителство и Управата за финансиска полиција. Изворите велат дека истрагата во дел од институциите е при крај и наскоро ќе бидат поднесени повеќе кривични пријави.
– Иако истрагата не е целосно завршена, веќе е јасно дека за изградбата на мостот Око извесни ќе бидат кривични пријави против неколкумина одговорни лица. Веќе е утврдено дека договорот со првиот изведувач на мостот, хрватски „Конструктор“, е раскинат поради непочитување на предвидените рокови за изградба, но и покрај пробиените рокови, нема документација која ќе покаже дека била активирана банкарската гаранција, велат извори за споменатиот портал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со среќа новата учебна година: Општина Центар вратете ни ги тротоарите и исчистете ги улиците!
-
ОЈО по допрен глас отвори истрага: Ќе се гонат тие што пишуваат на Фејсбук за пожарот во Грција
-
Општина Центар го урива Урбан парк на Јужен булевар, полицијата ги иселува дивовселените
-
Истрага во Србија за македонска надри-лекарка Слаѓана Велков и за Јелена Карлеуша