| четврток, 6 декември 2018 |

Хан: Ситуацијата е сериозна, партиите да се држат до договорот (видео)

przino propadnati pregovori (9)

-Земјата е во многу тешка состојба. Она што го видовме во 2015 година продолжува и во 2016 година. Сметам дека владата, политичката елита и Парламентот треба да посветат внимание на оваа многу сериозна ситуација од која е засегната и економијата на земјата и нејзината евроатланската перспектива – ова, меѓу другото, го изјави комесарот Јоханес Хан после маратонските преговори со четирите политички партии кои се одржуваа повторно во резиденцијата на ЕУ во скопската населба Пржино. Преговорите завршија без согласност од СДСМ на 24 април да се одржат избори, со што се наруши тоа што беше потпишано лани летото на истото место, односно беше договорен априлскиот термин за избори.

Денеска разбрав дека не е можно да се постигне договор помеѓу сите политчки партии за одржување на избори на 24 април. Очекувам сите политички партии да се држат до договорот потпишан на 2 јуни/15 јули. Ги уверив сите партии дека европските институции се тука да и помогнат на земјата – рече Хан.

przino propadnati pregovori (3)

Тој испрати порака до македонските граѓани дека институциите на ЕУ се тука за да помогнат во организирањето и спроведувањето на изборите, без оглед на датумот кога тие ќе се одржат.

Сакам да го уверам секој граѓанин дека без разлика што ќе биде конечната одлука на политичките партии кога да биде датумот за предвремени избори ние ќе помогнме во организацијата и дека ќе ја надледуваме ситуацијата за време на изборите – рече Хан кој додаде дека не ја исклучува можноста уште еднаш да ја посети Македонија.

Еврокомесарот во шест часот наутро ја напушта земјава, а како што најави тука ќе остане медијаторот и олеснувачот во преговорите, белгискиот експерт, Питер Ванхауте. Хан изрази надеж дека во следните денови ќе продолжат разговорите и дека договорот од Пржино сè уште не е пропаднат.

Фото: Ѓорги Личовски (Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top