| четврток, 6 декември 2018 |

Заев под притисок на меѓународниот фактор ја напуштил средбата, само СДСМ не сака избори

przino propadnati pregovori (19)

Преговорите во резиденцијата на ЕУ завршија неуспешно, откако лидерот на СДСМ Зоран Заев под притисок на меѓународниот фактор панично ја напуштил средбата која траеше повеќе од осум часа. Противењето на опозициската СДСМ ги одведе во ќорсокак последните преговори кои требаше да го одржат во живот договорот од Пржино, односно да се одржат избори на 24 април годинава.

Преговорите пропаднаа. Ако изборите се одржат на 24 април, СДСМ нема да учествува, бидејќи нема време да се создадат услови за фер изборен натпревар, и нема време да биде прочистен Избирачкиот список и да биде регулирана состојбата во медиумите. Ние ќе продолжиме да се бориме за демократијата во Македонија – рече Заев во изјавата до домашните медиуми кои повеќе часови чекаа пред резиденцијата на ЕУ во Скопје.

Еврокомесарот Јоханес Хан е уверен дека може да се одржат избори на 24 април, доколку сите партии останат посветени на исполнувањето на договорот од Пржино од јуни-јули. Хан рече дека Македонија се наоѓа во многу деликатна состојба и жали што сите партии не постигнале договор за избори на 24 април. Тој смета дека сè уште има можност да се договорат сите спорни прашања и најави дека медијаторот Питер Ванхауте Ванхауте ќе остане во земјава и ќе разговара со партиите.

przino propadnati pregovori (5)

Вечерва тројца од четворицата лидери беа сложни за датумот и гарантираа исполнување на обврските. Постои демократска определба за одржување на избори бидејќи има посветена влада и силна опозиција. Европската унија силно ќе ги надгледува изборите преку свои претставници и од европски институции. Досега се е хипотетички дали ќе се исполни договореното, изјави Хан.

ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА се за избори на договорениот датум и трите партии предложиле уште многу предлози кои треба да обезбедат дополнителна сигурност во изборите, но Заев сепак бега од изборно соочување. Тој, според информациите отишол дотаму што почнал да поставува и нови услови само за да ги избегне изборите. Лидерот на СДСМ измислувал и тотално нелогични изговори зошто не би можеле да се одржат избори. На тоа присутните, коментираат избори од преговорите, почнале да му се смеат и да се шегуваат, а странците остро коментирале, свесни дека лидерот на СДСМ е нестабилна личност.

przino propadnati pregovori (15)

Премиерот Никола Груевски по излегувањето од резиденцијата на ЕУ во Пржино посочи дека сите дошле на средбата со намера да има преговори, а само еден човек дошол со намера да ги одложи избори.

Трите политички партии се договоривме за датумот на изборите, а само Зоран Заев се противи на нивното одржување на 24 април – рече Груевски и додаде:

– Тој единствено што бараше е одложување на изборите. Денеска не се говореше за никаква методологија за прочистување на избирачкиот список, ниту за медиумите. Единствено за одложување на терминот за избори. Тој знае дека прочистувањето на избирачкиот список може да се направи за многу кратко. Зоран Заев знае дека само во криза тој е актуелен. Кога нема криза не е актуелен – истакна Груевски.

СДСМ доби двајца министри со ресор и три дополнителни заменици-министри, се одбра Специјален јавен обвинител со целосни услови за работа, беше одбран составот на ДИК каде опозицијата има доминација, секретар и претседател од своите редови. Изборниот законик е променет согласно барањата на опозицијата…. Груевски во своето обраќање пред граѓаните во четвртокот посочи дека ВМРО-ДПМНЕ како партија ги исполнила во целост своите обврски од договорот во Пржино.

-Изборите треба да се закажат за 24-ти април. Сега е време да се исполни оваа обврска. За жал, неодамнешните изјави од страна на СДСМ фрлаат сенка врз овој дел од договорот. Ова е јасна замка за да се држи нашата земја во заложништво, да се држи во криза, конфликтност и да се оспори правото на народот да ги одбира луѓето кои мисли дека треба да ја предводат државата. Јас сум против ова кочење и против ваквото држење на државата во заложништво, рече Груевски во обраќањето.

Тој во петокот наутро го достави своето времено повлекување до претседателот на Собранието на Република Македонија, а за технички премиер кој ќе ги организира изборите беше предложен Емил Димитриев.

Фото: Ѓ. Личовски (Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top