Денеска сите дојдовме со намера да има преговори, а само еден човек дојде со намера да ги одложи избори. Трите политички партии се договоривме за датумот на изборите, а само Зоран Заев се противи на нивното одржување на 24 април, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски по маратонските разговори во Пржино.
Груевски посочи дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев има лични причини кои само тој ги знае да ја оддржи кризата во Македонија и да ги одложи изборите.
– Тој единствено што бараше е одложување на изборите. Денеска не се говореше за никаква методологија за прочистување на избирачкиот список, ниту за медиумите. Единствено за одложување на терминот за избори. Тој знае дека прочистувањето на избирачкиот список може да се направи за многу кратко. Зоран Заев знае дека само во криза тој е актуелен. Кога нема криза не е актуелен – истакна Груевски.
Премиерот беше категоричен дека можат да се одржат избори на 24 април.
– Дека се можни избори на 24 април потврди и комесарот Хан и Европската унија и ОБСЕ и ОДИХР. За понатамошните чекори дополнително ќе информираме откако ќе направиме консултација – рече Груевски.
На прашањето дали неговата оставка уште важи, рече таа е депонирана и ќе се активира на сто дена пред избори.
Според него, преседателот на ДИК го известил еврокомесарот Јоханес Хан дека не постојат пречки за да се одржат избори на 24 април.
Фото: Ѓ. Личовски (Република)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)