Од Република Србија денеска е екстрадиран македонски државјанин осомничен за сторени кривични дела терористичка организација и тероризам поврзани со настаните во Диво Насеље, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија.
Кон крајот на октомври минатата година, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја прошири истрагата во врска со кумановските настани од 9 и 10 мај 2015 година. Врз основа на прибраните докази во текот на истражната постапка, надлежниот јавен обвинител имаше издадено наредба за спроведување на истражна постапка за уште тројца македонски државјани што во тој момент беа недостапни на органите на прогонот, се вели во соопштението од Обвинителството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.