| четврток, 6 декември 2018 |

Од денеска во „Феникс“ почнува Зимски саем на книги

Од 15 до 31 јануари во Културниот центар „Феникс“ ќе се одржи Зимски саем на книги…

На Зимскиот саем на книгата ќе бидат презентирани повеќе од 10.000 боенки, сликовници, енциклопедии, лектири, разговорници, речници, прирачници, бестселери и други изданија.

Попустите на сите изданија ќе бидат од 50 до 80 насто, а покрај книги за деца и млади ќе се продаваат со големи попусти и креативни и интерактивни играчки, но и уметнички слики од помал формат.

Во текот на Зимскиот саем на книгата во „Феникс“, ќе се реализира и акцијата „Подари книга или играчка – добиј попуст за цела година!“ Всушност, сите кои ќе подарат книга или играчка, ќе добијат легитимација за попуст во текот на целата година и тоа на сите изданија на “Феникс“. Подарените книги и играчки, по завршувањето на Зимскиот саем на книгата, ќе им бидат врачени на домовите за деца без родители во Скопје и Републиката.

Во рамките на Саемот, ќе се реализираат и повеќе промоции на најнови книги во рамките на новиот циклус промотивни активности „На заеднички појадок со авторот…“

Зимскиот саем на книгата ќе биде поддржан и збогатен и од Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација “Македонија презент “, која ќе подготви и презентира повеќе нови електронски изданија, а Здружението за лица со посебни потреби “Интеракција плус “ ќе одржи неколку работилници со децата и нивните родители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top