35-годишната Ешли Олсен, американска уметничка, била пронајдена мртва во стан во Фиренца, а за нејзиното убиство е осомничен илегален емигрант од Сенегал, кого го уапсила италијанската полиција.
-Собравме многу сериозни докази за неговата вина – рекол обвинителот Џузепе Креко на конференцијата за новинари откако осомничениот бил уапсен и испрашан.
Тој појаснил дека убиецот Диав Чеик Тидиане ја сретнал Олсен во ноќен клуб и дека имале полов однос во нејзиниот стан под дејство на алкохол и дрога, по што ја убил.
Олсен била задушена рано во петокот, а аутопсијата открила и две скршени коски и други повреди, кои се покажале како фатални.
За време на испрашувањето Тидиане ја потврдил реконструкцијата на случајот. Тој дури и го украл нејзиниот телефон, кој што потоа го користел.
Креко рекол дека Сенегалецот е роден во 1988 година и пред неколку месеци пристигнал во Италија, каде што подолго време живеел неговиот брат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра