Од денеска може да се аплицира за проектот „Купи куќа за млади“ наменет за млади до 35 години кои немаат соствен дом за владина помош за изградба на куќа.
Апликациите за проектот се доставуваат до 8-те комерцијални банки кои учествуваат во проектот: Стопанска банка, НЛБ, Охридска банка, Стопанка банка Битола, ТТК, Прокредит, Шпаркасе и Алфа.
За да може да се аплицира за проектот „Купи куќа за млади“ лицето треба да ги исполни следните услови:
-Да нема повеќе од 35 години
-Да одговара на критериумите за добивање кредит за куќа пропишани од банката
-Платите на лицето кое аплицира и на брачниот другар да бидат ПОМАЛИ од 1.300 евра, или доколку лицето не е во брак платата да биде ПОМАЛА од 900 евра
-Да нема друг стан или куќа на свое име или доколку е во брак и на име на брачниот другар
-Да нема подигнато друг станбен кредит
-Рокот на отплата на кредитот да е најмалку 20 години (со можност за отплата по 12 година)
Доколку лицето одговара на условите, постапката за аплицирање е следна:
– Лицето треба да обезбеди плац, или доколку прави надградба/доградба треба да обезбеди согласност од сопственикот на куќата дека може да надградува/доградува
– Лицето треба да обезбеди идеен и изведбен проект за изградба на куќата – бесплатни проекти за куќи од 60, 80, 100, 120, 150 и 180 метри квадратни може да добие од Министерството за транспорт и врски
– Треба да извади градежна дозвола
– Треба да склучи преддоговор со градежник изведувач
– Треба да поднесе апликација во банка
Младите можат да бираат помеѓу два модела од проектот „Купи куќа за млади“:
1. Субвенција на рата: Преку овој модел граѓанинот може да ја поддршката од Владата за отплата на месечната рата на кредитот за куќа (главнина и камата), и тоа: Владата плаќа 80% од месечната рата во првите 8 години и 50% во 9,10 и 11 година од периодот на отплата.
Каматни стапки:
-3,95% за првите 3 години
-4,44% за 4 и 5 година
-по 5 година каматата ја одредува банката, но не смее да биде повисока од пазарната.
2.Субвенција на учество: Преку овој модел младите можат да ја искористат поддршката од Владата за отплата на ЦЕЛОТО УЧЕСТВО (25% од кредитот).
Каматната стапка е фиксна за цело време на отплата на кредитот, односно 6-месечен ЕУРИБОР + 4,5 процентни поени.
Дополнително се заштедува од 2.000 до 3.000 евра со повластените каматни стапки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.