| четврток, 6 декември 2018 |

„Оревокршачка“ викендов во МОБ

Во сабота, 16 и во недела, 17 јануари, 2016 гoдина со почеток во 12 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена популарната балетска претстава „Оревокршачка“. Се работи за детска бајка чиј автор Т.А.Хофман, дејствието го поврзал со празнувањето на Нова Година. Врз основа на бајката, Мариус Петипа го пишува либретото, а музиката ја компонирала Петар Илич Чајковски. Се работи за едно од најпопуларните и најизведувани дела, на сите светски сцени, по повод Новогодишните и Божикни празници. Бидејќи е популарна и сакана од младата публика, нашите две претстави се закажана во матине термини, односно во 12 часот.

Кореограф е гостинот од Русија, Василиј Иванович Ваинонен, сценограф, Анатолиј Нежњи, исто така од Русија, додека костимите се на Љупка Ристовска.

Во главните улоги ќе настапат првенките: Мими Поп Алексова-Атанасовска (на 16.01), Ивана Коцевска (17.01), а нивни партнер ќе биде Дојчин Дочев од Бугарија.

Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.

Цената на билетите изнесува 150 денари и можат да се купат на билетарницата на МОБ, тел. 02/3 118 451, како и online на www.mob.com.mk

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top