| четврток, 6 декември 2018 |

Австрија, Германија и Словенија договараат план за ограничување на протокот на емигранти

ekonomski begalci

Австрија преговара со Германија и Словенија за ограничување на влезот на емигранти во земјата, потврдиле австриските власти.

Агенцијата СТА наведува дека планот предвидува тие држави заеднички да го надгледуваат текот на емигранти на границата меѓу Словенија и Хрватска. Конкретните преговори за заедничката соработка на овие три полиции за засилување на контролата на мигрантскиот бран се водат во Шентиљ на ниво на директори на словенечката и австриската полиција, но политички одлуки на трите влади сè уште нема, велат од австриското министерство за внатрешни работи.

Од тие причини не се соопштуваат други детали, ниту колку полицајци ќе ја чуваат словенечката граница. Австриската полиција очекува новите мерки за намалување на приливот на мигранти да почнат од крајот на месецот, а во исто време ги негира најавите дека ќе ги засили безбедносните мерки на границата со Словенија за да спречи илегален влез на мигранти, наведува агенцијата СТА.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top