| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски до граѓаните по временото повлекување: Огромна ќе биде победата заедно со вас на следните избори (Видео)

gruevskiПретседателот на Владата Никола Груевски во вечерашното обраќање до јавноста истакна дека утре изутрина до претседателот на Собранието ќе испрати писмо со времено повлекување на функцијата претседател на Владата, коe ќе биде ефективнo на сто дена пред официјалниот датум на избори.

– Утре изутрина до претседателот на Собранието ќе го испратам моето писмо со оставка на функцијата претседател на Владата, која ќе биде ефективна на сто дена пред официјалниот датум на избори- рече премиерот.

Премиерот писмото ќе го достави до Собранието, како што кажа, бидејќи навршуваат стоте дена пред 24 април, денот за кој е договорено да се одржат предвремени парламентарни избори и оти тоа е влезено во закон.

– Јас стојам и зад тој дел од договорот. Сакам конечно да се остави сета незивесност, да се остават сите проблеми, конфликтност зад нас, сакам нашата држава да оди напред и да продолжи силно да се развива- истакна Груевски.

Ова временo повлекување, потенцира тој, „ја покажува силата на нашето убедување и вербата во демократијата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top