| четврток, 6 декември 2018 |

Мојсовски: Македонија веќе не е репрезентација со 7 играчи

Qatar 2015 M6 MKD vs TUNМакедонската ракометна репрезентација утре ќе ги започне возбудувањата на Европското првенство во Полска со пресметка со силната Франција, натпревар на кој нашите ракометари ќе немаат што да загубат, а од кој можат само многу да добијат.

Добрите настапи во подготвителниот период секако придонесоа атмосферата да биде далеку поопуштена и порелаксирана во соблекувалната во пресрет на големото натпреварување, на кое значаен придонес секако се очекува од еден од поискусните играчи во репрезентацијата, Наумче Мојсовски.

– Почнуваме да ја постигнуваме онаа посакувана нагорна линија, видовме на овие подготвителни натпревари дека можеме да одиграме добро и дека оние млади играчи кои ги очекувавме „да стасаат“ веќе се со нас во тимот и се борат за своето место. Лично се чувствувам подготвен, во Словенија имав добар настап, се чувствувам подготвен да издржам 30-40 минути на теренот. Ми беа потребни тие натпревари што ги одиграв во Романија, сега во Словенија имаше 2-3 исклучувања на мене, дадов 2-3 гола, мислам дека се ќе биде во ред. Имаме нови играчи, заслужуваат сите да играат, зашто да не се менуваме? Македонија повеќе не е репрезентација која има само 7 играчи кои играат од почеток до крај, – изјави Мојсовски за „Дерби“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top