Германија е соочена со конкретна терористичка закана, што може да се случи „во секое време“, објави „Билд“ повикувајќи се на доверлив извештај во Министерството за внатрешни работи.
Германија е посочена и е реална цел на насилство мотивирано од џихадистите, што може да резултра со напади врз државни и цивилни институции, државни службеници или цивили во секое време, се посочува во извештајот.
Весникот не соопштува од кој датум е извештајот.
Евентуални терористички напади во Германија може да бидат како тие во Париз, да траат неколку дена со користење огнено оружје, молотови коктели и друг вид експлозиви, се наведува во извештајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.