| четврток, 6 декември 2018 |

Дејвид Боуви остави богатството од 135 милиони фунти, како ќе се подели?

Култниот музичар Дејвид Боуви зад себе остави богатство вредно 135 милиони фунти, а се верува дека во целост ѝ го оставил на својата втора сопруга Иман, на синот и на ќерката.

Дејвид во текот на 70-тите беше на работ на банкрот, но со паметните деловни потези во 1997 година успеа да го врати богатството назад. Имено, тогаш по пат на деловна шема осигури поврат на авторските права на своите најпопуларни хитови, што на крајот му донесе милиони.

„Прудентал иншуранс компани“ за првите 25 албуми снимени од 1990 година му исплати 37 милиони фунти.

Боуви во својата кариера напиша повеќе од 700 песни, а продаде 140 милиони албуми.

– Беше доволно паметен да повлече потези со кои го осигури своето семејство. Многу музичари не се толку паметни, па остануваат без авторски права на своите дела. Но, тој успеа да го задржи своето наследство во своите раце. Неговите песни беа негови деца – вели Дејвид Пулман, банкарот што ја осмисли шемата што на Боуви му ги врати милионите.

Пулман тврди дека своето семејство Боуви го осигурил уште во пресрет на својот 50. роденден, ослободувајќи се уште тогаш од сите недостатоци во тестаментот.

Голем дел од заработката на Боуви е резултат на низа исклучително успешни светски турнеи, а само од последните се проценува дека заработил 41 милиони фунти.

По неговата смрт три негови албуми, вклучувајќи го и последниот „Блекбастер“, се искачија на врвот на листите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top