По серијата експлозии во главниот град на Индонезија што се случија пред неколку часа, сè уште траат престрелките на полицијата со терористите. Според последните информации од локалната полиција, досега има регистрирано седум мртви од кои четворица се од групата напаѓачи, а еден е полицаец. Првите слики што беа споделени на социјалните мрежи се гледаат мртви тела по улиците, оштетени објекти од кои сè уште излегува чад, насобрана маса луѓе што следи што се случува во критичните делови од градот каде што дејствуваат специјалните полициски единици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.