| четврток, 6 декември 2018 |

Луѓето со повеќе од 10 бемки изгледаат и до 10 години помладо!

бемки
Ако сте еден од оние кои имаат многу бемки на телото, тоа можете да го гледате и како благослов, заклучок е на новата студија објавена во магазинот Биомаркери на епидемиологијата на ракот и превенција.
Според неа, луѓето кои имаат повеќе од 10 бемки на телото изгледаат помладо од оние без бемки, а просечно бемките „симнуваат“ 7 години во проценката на староста на изгледот.
Мажите и жените кои имаат голем број бемки имаат и поздрави очи и срце и позатегнати мускули, покажало истражувањето.

Овие предности во многу ги надминаа мааните на бемките кои отсекогаш се поврзувале со меланом, рак на кожата.

Најновото истражување говори дека оние кои побавно стареат и имаат беби лице  и во шеесетите имаат поголем број бемки. Секој десетти човек има стотина или нешто повеќе бемки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top