| четврток, 6 декември 2018 |

Дознајте какво значење имаат бемките на вашето лице: Креативност, проблем со финансии…

Секоја бемка на лицето си има свое значење. Дознајте нешто повеќе за себе токму од бемките.

Позиција 1, 2, 3

Вие сте креативни, имате чувство за бизнис и може многу лесно и едноставно да ги контролирате луѓето. Луѓето сакаат шеф како вас.

Позиција 4

Вие сте импулсивна личност. Но имате харизма и шарм на кој секој паѓа. Сакате да се докажувате и да имате аргументи за сé што зборувате.

Позиција 5

Бемката над веѓата значи дека вие едноставно имате среќа во животот. Не ви треба да учите како да бидете успешни, вие едноставно ја имате среќата на лесен начин да го постигнете тоа. Имате голема интуиција која не треба да ја занемарите.

Позиција 6

Бемките на оваа позиција симболизираат интегигенција, креативност… Имате талент кој може да ви допринесе да постигнете голема слава. Но, тоа ќе го постигнете само ако покажете малку поголема храброст.

Позиција 7

Бемките под веѓата означуваат тага. Вие многу лесно може да паднете во депресија, често се чувствувате тажни… но за среќа може многу мали работи да ве усреќат и повторно да се чувствувате добро.

Позиција 8

Ова не е баш најдобра позиција за бемка. Вие имате проблем со финансиите. Тешко ви оди контролата над парите.

Позиција 9

Вие сте личност која лесно наоѓа решение на проблемите. Вистински пријател кој е секогаш тука за пријателите.

Позиција 10

Вие сте обожавана личност, и во кругот на семејството и во кругот на пријателите. Можете многу лесно да го ускладите материјалното и емотивното.

Позиција 11

Вие сте тврдоглави и своеволни. Ако нешто наумите мора да го истерате по ваше, а често знаете и да покажете револт ако тоа не е така.

Позиција 12

Вие имате балансиран живот. Никогаш не сте се истакнувале во друштвото. Можете мирно и сталожено да ги прифаќате работите. Жените кои имаат бемка на оваа позиција се убави и гламурозни.

Позиција 13

Бемката на ова место предвидува лош однос со вашето дете. Ќе имате тешка комуникација и многу тешко ќе наоѓате заедничко решение.

Позиција 14

Премногу сте чувствителни. Се што се случува со вас или на луѓето околу вас има големо влијание на вашето расположение.

Позиција 15

Вие сте секогаш расположени за промени. Затоа и многу често имате потреба да промените нешто во домот. Но, за среќа не е така и со партнерот. Кога ќе засакате некого му се предавате целосно.

Позиција 16

Имате проблеми со депресијата. Секогаш решението го барате во храната… а потоа сте незадоволни со изгледот и повторно сте во депресија.

Позиција 17

Вие сте многу повеќе отколку она што го мислите за себе. Немате голема самодовреба, но другите го забележуваат вашиот квалитет.

Позиција 18

Вие имате желба да експериментирате. Ги сакате адреналинските возбудувања и спремни сте во секое време за забава.

Позиција 19

Имате среќа со парите и многу добри пријатели, добро е да се има бемка на ова место.

Позиција 20

Бемката на ова место значи или дека имате голем тален или немате никаков талент. Или сте секогаш насмеана и весела личност, или сте личност која никогаш не е насмеана. Пронајдете се во која крајност сте.

Позиција 21

Каде и да се појавите оставате добар впечаток. Лесно им паѓате во очите на другите. Доколку сте личност која сака внимание ова ќе ви одговара, но ако не сакате да сте во центарот на вниманието вие имате проблем.

Позиција 22

Вие сте неверојатно позитивна личност. Скеогаш сте ведри, насмеани. Се што почнувате го завршувате со голем успех.

Позиција 23

Вие имате висок IQ коефициент. Се снаоѓате и во науката и во опшите теми. Ќе имате долг и убав живот.

Позиција 24

Додека сте млади ќе имате убав и среќен живот, но со текот на годините животот ќе ви стане помалку поднослив.

Позиција 25

Вие сте убави и претставителни. Но… тоа може да ви даде предност во некои ситуации, а некогаш да почувствувате навистина неубаво токму поради вашиот физички изглед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top