Вкупно 19 милиони евра е инвестицијата на италијанската градежна компанија „Кондоте“ која гради четири мали хидроелектрани во Македонија.
Како што рече денеска на пресконференција министерот за економија Беким Незири, електраната на Ештеричка река, над Пробиштип, е готова и ќе стартува со работа зимава, додека останатите три, две на Зрновска река во Кочанско и една на Кадина река во Скопско, се во различни фази од градба.
– Инвестицијата на „Кондоте“ ангажира многу локални компании што придонесе за развој на регионалната економија, но посебно радува фактот што иако компанијата влегува со само 19 милиони евра, претставува потенцијален инвеститор кој ќе продолжи да вложува во Македонија, истакна Незири.
Претседателот и сопственик на „Кондоте“ Дучо Асталди изрази задоволство од соработката со македонските надлежни институции и партнерот „ИМПГ“ ДОО Скопје.
– Особено сме задоволни од рамката што ја изготви македонската Влада за странските инвеститори, нагласи Асталди, додавајќи дека „Кондоте“ е заинтересирана за натамошни инвестиции во земјава.
Италијанската градежна компанија е една од водечките во светот, а на македонскиот пазар влезе во 2013 година. Има традиција од преку 130 години и гради инфраструктурни проекти на сите континенти, остварувајќи годишен обрт од 1,2 милијарди евра.
Како што рече министерот Незири, одговорајќи на новинарски прашања, со менаџерскиот тим на „Кондоте“ се разговара и за евентуално влегување на компанијата во реализација на проектите „Чебрен“ и „Галиште“, како и на патниот правец Скопје – Блаце.
Италијанската „Кондоте“ добива од државата т.н. фидингтарифи, како и останатите 64 концесионери во Македонија. Целта е, подвлече министерот Незири, производство на струја од обновливи извори и Македонија на среден рок да добие електрична енергија поевтина од сегашната.
На прашањето дали се размислува за евентуални измени на Законот за енергетика кои би овозможиле граѓаните кои произведуваат електрична енергија за сопствени потреби и да ја продаваат, Незири рече дека се прават анализи и не е исклучена таква можност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турската „Чагатај Кабло“ во Бунарџик ќе произведува кабли за автобусите на „Ван Хол“
-
Отворен нов погон во зоната кај Алинци, инвестиција вредна 1,2 милиона евра
-
Груевски: Денес почнува со работа компанијата „Акомпласт“, инвестиција која ќе креира 300 нови работни места
-
Груевски: ОДВ Електрик го стартува новиот објект во зоната Охрид- Струга, инвестиција на која долго работевме