| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел: Можно е меѓу жртвите од експлозијата во Истанбул да има и германски државјани

­ Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека има веројатност меѓу жртвите на експлозијата во Истанбул да има и германски државјани, пренесе ТАСС. ­

merkel-germaniq-iska-sdelka-za-ostavane-na-velikobritaniq-v-es-345162

– Ние сме растревожени од сознанието дека државјани на Германија можно е да се меѓу ранетите и загинатите – рече Меркел.

Таа додаде дека ја споделува болката со семејствата на убиените.

„Со нив сме во овој траорен ден“, изјави германскиот канцелар, цитирана од турската агенција „Џихан“. Меркел додаде дека наскоро телефонски ќе разговара со својот турски колега Ахмет Давутоглу.

– Меѓународниот тероризам веќе го покажа своето нечовечко лице во Анкара и во Париз. Сега продолжува да се покажува и во Истанбул. Треба да бидеме единствени против тероризмот – рече уште Меркел.

Шефот на германската дипломатија Франк­ Валтер Штајнмаер, исто така, „најостро го осуди овој варварски напад“. ­

– Со жалење треба да кажам дека меѓу жртвите има и Германци. Не е исклучено да има германски државјани и меѓу убиените – посочи тој.

Турските власти информираа дека значаен број од убиените во денешниот самоубиствен атентат на фреквентниот плоштад со многу знаменитости во Истанбул се странци. Десет лица загинаа, а 15 беа ранети во експлозијата. ­

– Состојбата на двајца од настраданите е тешка – информира вицепремиерот Нуман Куртулмуш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top