Германската полиција соопшти дека уапсила 211 поддржувачи на екстремната десница, кои дивееја за време на антиимиграциски протест во Лајпциг на кој присуствуваа илјадници луѓе.
Групата палела автомобили, кршела излози и оштетувала имот додека се одржувал мирен антимигрантски протест во организација на движењето ПЕГИДА. Полицијата соопшти дека уапсените имале досие „дека се симпатизери на крајната десница и членови на насилни навивачки организации“.
Автобусот, пак, во кој полицијата ги качила уапсените, бил нападнат од левичарски активисти. Во Германија има огромно незадоволство од масовните напади врз жени во Келн за време на новогодишната ноќ за кои се обвинуваат мигранти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра